Самоуправувачките автомобили сосема е извесно дека ќе предизвикаат вистински земјотрес во некои индустрии и до темел ќе ги променат начините на кои луѓет живеат и работат. Освен тоа, ќе го променат и начинот на кој луѓето ќе се сексаат, тврдат резултатите од новата студија поврзана со оваа тема.
Со релативна приватност во автомобилот и без потреба за внимавање на патиштата додека се возите, доста е извесно дека сексот во возење ќе стане вообичаена појава со распространувањето на автономните автомобили кои ќе се движат врз принцип на автопилот, без управување од возач, сугерира истражувањето објавено во списанието Annals of Tourism Research.
Студијата ги прегледуваше податоците за самоуправувачките автомобили и градовите со цел да ги идентифицира идните трендови околу таквите возила кои ќе ја променат туристичката индустрија, пишува nbcnews.com.
Околу 60% од Американците веќе се сексале во автомобил, покажуваат резултатите од студијата. Но, со распространетата употреба на самоуправувачките автомобили нема само паровите да бидат оние кои ќе можат да се впуштат во секс акција за време на возење. Водачот на истражувањето, Скот Коен, од Универзитетот во Сари, вели дека автономните автомобили можат да станат нова атракција за секс туризам.
„Сексот е дел од урбаниот туризам и комерцијализираниот секс, исто така, е дел од тоа, па многу веројатно е дека автономните возила ќе бидат дел од проституцијата, легална или нелегална, која во иднина ќе се случува во нив“, објаснува Скот.
Сепак, вели тој, не верува дека сексот во автономните возила ќе стане реалност пред 2040 година. „На местата каде проституцијата е легална и каде прописите се во допир со технолошкиот напредок и развој, секс туризмот ќе заврши на тркала“, додава Скот.
Секс туризмот беше само мал дел од ова обемно истражување. Кога автономните автомобили ќе станат „мејнстрим“ во иднина, многу е веројатно дека ќе бидат дизајнирани за разни активности, од секс до спиење и јадење. Скот тврди дека тоа ќе се одрази и на хотелите, особено на одморалиштата, со оглед на тоа дека луѓето едноставно ќе можат да спијат додека патуваат. Такси службите, туристичките автобуси, па и рестораните можат да изгубат дел од својата работа, тврди тој.
извор: таратур