Аца Лукас наводно ги напуштил „Ѕвездите на Гранд“, пишуваат српските медиуми и преминал во Пинк.
Пејачот по речиси четири сезони го напушта популарното шоу и ја прекинува соработката со Саша Поповиќ и тоа поради примамливата понуда од другата продукција.
-Лукас доби понуда да биде член на жирито во „Пинк ѕвезди“, што му се допадна, вели блзиок пријател на пејачот и додава дека на неговото место ќе седне Дара Бубамара.
Според други пак, на негово место ќе дојде Мира Шкориќ која веќе двапати била на снимањата.
Фолкерот овие наводи ги коментира како се уште неофицијални.
-Ништо не се знае, не можам а зборувам сега, кратко кажал Аца Лукас.