Кога се работи за сексот, постојат премногу различни вкусови и сензибилитети. Луѓето имаат секс за обострано да уживаат, да споделат интима, љубов или само за да го задоволат сексуалниот апетит.
Меѓутоа, ѕвездите ни откриваат кои три знаци се најлоши во сексот…
Близнаци
Овој е еден љубопитен знак во секоја смисла. Многу Близнаци знаат да го користат мозокот и за време на сексот, што не може да одмогне. Мажите во овој знак сакаат да се фалат и самите се многу подготвени на акција, но кога ќе дојде до тој момент, се откажуваат или се „фолираат“.
Кај нив сексот трае околу две минути, а вистинската безгранична себичност на Близнаците се гледа при нивното однесување во кревет. Од друга страна, повеќето женски припадници на овој знак се добри во кревет, освен ако немаат тенденција за вечна предигра.
Стрелец
Карактеристика кај машките припадници на знакот Стрелец, по правило е авантуризмот и експериментирање, а кај женските напротив – традиционализам без многу експериментирање. Значи, лошите сексуални односи овде произлегуваат од преголема желба на едните за нешто ново, перверзно и возбудливо и претерана желба на другите, главно жените, за класичен, здрав, но конвенционален однос.
Кога тоа не им е по волја, Стрелците гледаат сето тоа да се заврши што побргу, а потоа бегаат без да погледнат назад. Оние типичните, едноставно си одат и за време на самиот секс. Но, не грижете се, не сте вие најлоши во сексот, има уште некој полош!
Риби
Многу астролози одбиваат да напоменат како овој, инаку многу емотивен, длабок, сензуален и сексуален знак, е еден од оние кои се лоши во сексот, но и во љубовта. Женските Риби гризат и провоцираат повеќе и од агресивните женски Шкорпии или Овни, а садистички повикуваат на садизам, затоа што во суштина се мазохисти.
Неуспесите во сексот им се како и во многу други работи – убиствени. Тие се` уништуваат, затоа што тоа е знак кој најмногу ужива, но и пати во „сексот со емоции“ и тоа важи и за двата пола.