Љубов и Секс

Каков секс треба да пробате пред сериозна врска

Каков секс треба да пробате пред сериозна врска

Без ралзика на тоа каков секс сакате, некои работи треба да ги пробате пред да го кажете судбоносното ‘да’ или да му се посветите на еден маж цел живот.

Секс со странец

Има необично име, но тоа е сосема неважно бидејќи изгледа боженствено. Каде и да се сретнавте, немојте да ја пропуштите приликата за див секс со странец поради кој секогаш ќе чувствувате убави морници кога ќе се сетите на него.

А беше толку добро…

Мислевте дека тој е вистинскиот, а ви го скрши срцето и сега се грижите дали некогаш ќе имате пак толку добар секс? Очигледно заборавивте дека има уште многу риби во морето и дека кога ќе го залечите срцето ќе дојде некој поинаков и подобар.

Колку е голем?

Да, митот за најдобриот секс во животот со добро надарениот маж морате да го побиете сами. Кога еднаш ќе пробате такво нешто и ќе го споредите со другите партнери и емоции, ќе знете дека не е се во големината.

Лош секс

Овој дел е многу едноставен. Кога еднаш ќе имате лош секс тогаш ќе знаете да го цените она што го имате.

Одмаздата пали!

Без разлика на тоа дали се одмаздувате на пријателката која ви го украде момчето или на господинот кој сакате да го оставите, но и да му покажете што губи, сексот од одмазда е преполн со гнев и може да биде жесток и одличен.

Муза

Кој не замислува дека е муза на омилениот пејач или рок ѕвезда? Иако тешко дека некогаш ќе добиете прилика за ваков секс во реалноста, во мислите секогаш можете да го добиете тоа кога и да сакате.

Анален секс

Пред да се впуштите во анален секс, размислете дали е тоа нешто во кое би можеле да уживате. Ако не сте доволно сигурни за ова, тогаш одберете некој на кого му верувате и кој е нежен во кревет.

Женски игри

Не морате да одите до крај, но ако сте тип кој сака да експериментира, пробајте за почеток бакнежи со жена која ве привлекува. Брзо потоа ќе знаете дали сакате нешто повеќе или не.

Секс со помлад или постар тип

Колку пати сте слушнале кога некој ќе каже помладото е послатко? Па веројатно и има некоја вистина во тоа, а тоа најдобро ќе си го потврдите самите.

Бидете доминантна

Да, жените сакаат да им угодуваат на мажите, но понекогаш сакаат да доминираат. Земете ги работите во свои раце и покажете што значи да се биде страствен.

Преуморен е?

Добро, и тоа се случува! Понекогаш има малку повеќе испиено, а понекогаш е страшно уморен од работа. Во секој случај ако тој не е подготвен за акција, не значи дека во вас е проблемот и дека не ве сака.

Сакајте се сама себе

Своето тело најдобро ќе го запознаете ако понекогаш заиграте соло игра. Така ќе знаете што ви одговара и на партнерот ќе му ги пренесете тие важни информации.

To top