Консумирање на протеински шејкови пред спиење
Пијте шејк кој содржи 30 грама протеин пред да одите на спиење. Истражувањата покажуваат дека тоа помага да го зголемите бројот на калории кои телото ги согорува додека се одмара. Протеинот исто така содржи состојки кои помагаат во поправката на мускулите, и колку повеќе имате мускулна маса, толку повеќе калории согорувате додека се одмарате.
Мала вечера
Избегнувајте огромни оброци навечер, особено пред спиење. За време на длабокиот сон нашиот мозок емитува хормони за раст. Ако јадете доцна навечер, хормонот за раст ја складира храната во маст.
Избегнувајте алкохол
Пиењето алкохолни пијалаци пред одење на спиење го намалува времето кое го поминуваме во најважната фаза од сонот, односно РЕМ фазата во која телото согорува најмногу калории. Чаша вино пред вечера е во ред, но запаметите дека не би требало да пиете алкохол три часа пред да легнете во кревет.
Одредете време спиење
Оптимален број на часови за спиење (7-8) е посебно важно за нашето здравје, но и му помага на телото да согори повеќе масти. Луѓето кои добро се одмараат согоруваат 20 отсто повеќе калории по јадењето, во однос на оние кои не се наспале.
Не вежбајте пред спиење
Вежбањето го буди телото, отежнувајќи го постигнувањето на добар сон за време на ноќта. Закажете ги вежбите наутро, зашто тоа ќе го подигне вашето ниво на енергија. Во случај да не можете да вежбате во утринските часови, немојте да одите на тренениг четири часа пред одење во кревет.
Изгасете ги сите електронски уреди во спалната соба
Научниците од Универзитетот во Сингапур велат дека долго гледање телевизија предизвикува покачување на триглицеридите (поврзани со дијабетис) и го намалува нивото на лептин (протеински хормон кој учествува во регулација на внесот и трошење енергија, со зголемување на апетитот и метаболизмот)
Намалете ја температурата во спалната соба
Медицинското списанија Дијабес пишува дека луѓето кои спијат во соба со температура од 18 степени целзјусови согориле 75 калории повеќе од оние кои спијат во топли соби
Спијте голи
Иако можеби звучи чудно, спиењето без облека на себе има многу предности во однос на слабеењето. Ако сте премногу натуткани во пижами и јорган вашето тело ќе биде прегреано. Некои истражувања покажуваат дека тоа може да влијае и на килограмите. Ако сакате да ослабете треба да спиете послободни.