Нема подобар начин за започнување на денот одошто со утрински секс. На тој начин ќе имате насмевка на лицето, ќе бидете порасположени и ќе се чувствувате поенергично во текот на целиот ден.
1. Освежете се
Пред да започнете со сексуалната игра, отидете во тоалетот и измијте ги забите. Утринскиот здив можеби не е проблем на филмовите, но во вистинскиот живот најчесто е непријатно искуство. Дополнително, оралниот секс со вкус на ментол знае да биде навистина стимулативно искуство.
2. Уживајте во глетката
Во утрото, нештата се малку поинакви одошто навечер. На утринската светлина ќе бидете сосема разголени и тоа не е ништо од што треба да се срамите. Запомнете, се работи за некој со којшто сте интимни и треба да уживате во глетката и да го истражите секој милиметар од неговото тело.
3. Одберете си удобна положба
Доколку веднаш по будењето се одлучите за некоја поза од кама сутра, факт е дека тоа веројатно нема да Ви се допадне, затоа што за брзо време ќе Ви снема енергија. Одберете едноставна и удобна положба за секс, за целата енергија да можете да ја фокусирате еден на друг.
4. Уживајте во природните ароми
Имате секс по будењето, па Вашиот партнер нема да има време да се истушира по спиењето. Наместо да го гледате овој факт како нешто негативно, уживајте во неговиот природен мирис којшто несомнено ќе Ве стимулира доколку се опуштите во целост.
5. Брз секс
Доколку двајцата имате обврски и треба да стигнете некаде, сексот наутро не може да биде маратонски. Токму затоа, времето што го имате на располагање треба да биде максимално искористено. Заборавете ја предиграта и преминете на главниот чин. Ако сте доволно возбудени и опуштени, предигра воопшто нема да Ви биде потребна.