Колку е точна изреката „Првата љубов не се заборава“ и дали навистина цел живот ќе чувствуваме нешто за личноста што прво сме ја сакале, дознајте во овој текст.
Важноста на првата љубов
Со сигурност вашето сеќавање на првата љубов е длабоко врежано во вашата меморија и сега детално би можеле да го опишете вашиот прв состанок или првиот бакнеж.
Тоа едноставно бил вашиот прв допир со романтичната претстава за љубовта, која дотогаш сте ја виделе само на филмското платно или за која сте читале. Тоа било првпат да доживеете некои емоции за кои и не сте знаеле дека постојат.
Од неа зависи нашиот став за љубовта
Без разлика на тоа колку се позитивни или негативни сеќавањата поврзани со првото доживување на љубовта, од неа зависи како понатаму во животот ќе се поставите кон идните партнери.
Терапевтката Д-р. Нило Дардашти се обидува да објасни како влијае првата љубов врз нас.
Според нејзините зборови, првата љубов ја претставува првата длабока емоционална конекција, која порано не сме ја доживеале.
– Обично кога ќе се вљубат, луѓето употребуваат реченици од типот: „Се чувствувам еуфорично, се чувствувам како да летам, неможам да престанам да се смејам“ – што всушност се примери за нивните чувства и емоции, вели Дардашти.
Улогата на родителите исто така влијае врз нашето поимање на љубовта
Начинот на кој родителитесе однесуваат кон нас додека растеме делумно влијае врз тоа како ќе пристапиме кон нашите први љубовни чувства.
На пример, ако вашиот родител е доста критички настроен, ве занемарувал емоционално или направил мошне тешко да им верувате на луѓето, тоа може да влијае врз тоа кој тип на луѓе подоцна ќе ве привлекува.
Сите тие емоции и искуства што ќе ги доживееме, подоцна ќе станат копија на начинот на кој подоцна ќе се претставуваме кон идните партнери.
Со други зборови, нашата лична дефиниција за љубовта се заснова врз сето она што сме го поминале со нашиот прв партнер во љубовта.
Секогаш сакаме одново да ја почувствуваме таа голема љубов
Според зборовите на Дардашти, луѓето често ги споредуваат нивните моментални врски со нивниот прв љубовен партнер за да утврдат дали нивните чувства кон моменталниот партнер се сложуваат со нивната претстава за љубовта што веќе ја искусиле.
Со оглед на тоа дека првата љубов најчесто сме ја почувствувале во тинејџерските години, кога станува збор за чисти и невини силни чувства, нормално е подоцна во животот да сакаме повторно да ги почувствуваме и затоа сите идни љубови ги „мериме“ во однос на првата.
Mожеби првата љубов навистина е и најдлабока
Односно, можеби првата љубов е најдлабока во буквална смисла, со оглед на тоа што таа создава темел врз кој се градат другите односи, се повисоко и повисоко (како стокатница) се додека првата љубов не остане надвор од дофатот, премногу далеку за да се достигне.