Флертувањето е вистинска уметност која не се совладува лесно, а којашто носи со себе голема доза на адреналин и авантура. Тоа е заводлив метод за покажување на љубовниот и сексуалниот интерес кон некого и секоја жена треба да се стреми да го усоврши.
Знаете ли како да го направите вашиот поглед доволно неодолив за ниту еден маж да не може да ги тргне очите од вас? Знаете ли како да го уловите неговото внимание без тој да почувствува дека паднал во вашата мрежа? Еве неколку совети за флертување кои ќе ве направат прикриена заводничка:
- Играјте си со косата. Повремено префрлувајте ја косата наназад преку рамо, поминувајте со прстите низ своите прамени, ставајте ги зад увото или нежно со прстите вртете едно праменче.Златно правило: Не претерувајте со допирањето на косата, бидејќи може да изгледа како да сте нервозни, а не како да флертувате.
- Допирајте го ланчето или ѓерданот. Играњето со накитот е еден од најстарите трикови за флертување. Привлечете го неговото внимание кон вашиот врат и тој нема да може да дочека да го бакне. Поиграјте си со ланчето или пак сензуално допирајте ја вашата обетка.Златно правило: Правете нежни бавни движења за да го заробите неговиот поглед.
- Нанесете кармин или сјај на вашите усни. Кога знаете дека неговиот поглед е насочен кон вас, извадете од вашата чантичка сјај или кармин, подотворете ја малку устата и нежно поминете со карминот преку усните. Неговите мисли моментално ќе станат палави.Златно правило: Не гледајте во него додека го правите тоа, затоа што ќе изгледа премногу нападно.
- Истегнете се елегантно. Чувствувате дека неговите очи се насочени кон вас? Истегнете го грбот бавно и елегантно, протегнете го вратот налево, па надесно, а може и да направите круг со раменото.Златно правило: Додека се истегнувате, зборувајте со ваша пријателка и изгледајте како воопшто да не сте свесни дека правите заводливи движења.
- Фрлете му краток поглед преку рамо. Ако тој се наоѓа зад вас или настрана, свртете ја главата и погледнете го кратко преку рамо, а потоа веднаш погледнете се на другата страна. Ако се наоѓа пред вас, држете ја главата наведната надолу, и кренете го само погледот кон него (исто како да гледате преку трепките), а потоа вратете го погледот надолу или погледнете се настрана.Златно правило: Погледот треба да трае 2-3 секунди, но не подолго.
- Навалете ја главата настрана кога зборувате со него. Телото свртете го кон личноста којашто сакате да ја освоите, рацете држете ги опуштени и навалете ја главата на едната страна. Љубовните експерти велат дека со навалувањето на главата на едната страна жената му дава до знаење на мажот дека е заинтересирана за него и дека внимателно го слуша секој негов збор.Златно правило: Не ги држете рацете прекрстени додека флертувате со некого. Тоа е знак на затворено однесување.
- Дајте му краток „невин“ допир. Наместо да го прашувате колку е часот, посегнете по неговата рака, фатете го за зглобот и видете го неговиот часовник. Или пак, додека зборувате, посегнете по јаката на неговата поло маица или кошула за да му ја наместите. Ако сте уморни и седите до него, наведнете ја главата на неговото рамо.Златно правило: Сè што е кратко е послатко. Ако предолго го допирате, ефектот нема да биде толку силен.