Тим психолози од Универзитетот Рур во Бохум направи студија за секс во која крајниот заклучок е дека луѓето кои планираат однапред имаат подобар секс од оние кои повеќе се спонтани. Резултатите од истражувањето се објавени во The Journal of Sex Research.
Според студијата, оние личности кои се дисциплинирани, стабилни и ориентирани да постигнат нешто во животот имаат поголеми шанси да бидат сексуално задоволени. Во германската студија учествувале 966 парови кои одговарале на прашања поврзани со квалитетот на сексуалните односи и личните особини и карактеристики. Експертите откриле дека совесните луѓе сексуално се поисполнети, односно дека најзадоволни се хетеросексуалните жени кои имаат многу совесни партнери.
Според авторите на студијата, тоа е така бидејќи темелните и послушни луѓе кои се често совесни чувствуваат притисок сексуално да ги задоволат своите партнери. Планирањето на интимноста на некој начин може да придинесе за подобра комуникација во врската.
”Високата совеснот може да биде особено корисна кога станува збор за напорите вложени во задоволителниот сексуален живот“, вели авторката Џулија Велтен. ”
Изгледа, кога станува збор за сексот, оние кои однапред планираат први стигнуваат до целта.