Љубов и Секс

Дали ако имате секс два пати во една вечер ги зголемувате шансите за забременување?

Дали ако имате секс два пати во една вечер ги зголемувате шансите за забременување?

Без разлика дали се обидувате да забремените или да не забремените, многу е важно да знаете како функционира човечкото тело. Понекогаш нештата што се чинат толку очигледни се погрешни, а сигурно имате слушнато еден куп „трикови“ како побрзо да забремените или да избегнете непланирана бременост.

На таа тема, корисно е да знаете дека ако имате секс два пати во иста вечер навистина ги зголемувате шансите за забременување.

Новите истражувања на доктор Да Ли при универзитетот Шенгѓин укажуваат дека спермата што се произведува во машкото тело за втората ејакулација има поголема содржина на протеини што ги забрзуваат сперматозоидите, што ја зголемува веројатноста да оплодат јајце-клетка.

 

Резултатите од истражувањето објавено во журналот „Molecular & Cellular Proteomics“ исто така покажуваат дека користењето сперма што била ејакулирана најмногу 180 минути пред вештачкото оплодување ги зголемува шансите за успех на ин витро постапката.

Во истражувањето биле опфатени 500 двојки кои се подготвувале за ин витро постапка. Мажите биле замолени да даваат примероци сперма во различни временски растојанија од првата ејакулација.

Откако ембрионите им биле имплантирани на жените, резултатите покажале дека мажите кои ејакулирале во првите три часа по првата ејакулација имале поголема стапка на успех во зачнувањето.

„Со години, мажите се советуваа да ја ограничат сексуалната активност за да ги зголемат шансите за оплодување. Но, време е да го смениме мислењето“, вели доктор Ли.

To top