Во моментот кога ќе стапите во сексуални односи со жена, последната работа која што сакате да ја направите е да го уништите моментот на страст. Многу мажи не се свесни за грешките кои ги прават во креветот. Ние ќе ви посочиме неколку совети за тоа како да станете подобар љубовник и кои грешки не треба никогаш да ги направите.
Недостаток на бакнежи
Верувале или не, многу мажи не ги бакнуваат своите партнерки за време на сексот. Тоа е една од најголемите грешки кои може да се направат за време на сексуалните односи. Понекогаш мажите не го прават тоа, бидејќки положбата не дозволува, но секако е потребно да најдат начин за да подарат бакнеж.
“Грицкање” во погрешно време
Некои жени сакаат умерено агресивни мажи, но доколку “грицнете“ некој дел од нејзиното тело кога она не е подготвена за тоа, ќе направите грешка. Потребно е да ја возбудите жената, за да и го пружите вистинското задоволство на “страствени грицкања“ по нејзиниот врат, рамена и други делови од телото.
Игнорирање на се’, освен на градите и вагината
Градите и вагината најмногу ги привлекува мажите, на кои најмногу им посветуваат внимание за време на сексот. Но, тоа не се единствените делови од телото на жената преку кои таа доживува задоволство. Бакнете ги и милувајте ги нејзините рамена, врат, колена, грб и стомак. Песветете се на целото тело на вашата партнерка.
Бидете нежни
Кога водите љубов со својата партнерка, морате да бидете нежни и внимателни за да не предизвикате непријатна тежина врз нејзиното тело.