Зошто жените плаќаат за секс? Три жени искрено проговориле за британскиот магазин “Metro”. Нивните одговори стигнале после отворената анкета која авторката ја направила на почетокот од годината. Добила повеќе од 200 одговори од мажите кои нудат сексуални услуги и добила три одговори од жени.
Ејми
Се омажив во раните 30 – ти, мојата животна партнерка исто така е жена. Работам во професионална војска. Се гледам со жени ескорт кои ми овозможуваат дисциплина. Мојот фетиш е казнување и замена на моќите. Гледањето со професионалец ми овозможува сигурност да ја истражам својата покорна страна, а да останам сигурна дека за тоа никогаш нема да се дознае. Така што, не си ја загрозувам работата.
Мојата сопруга го знае тоа, но никој друг освен неа. Изнајмувам ескорт секоја трета до четврта недела.
Ева
Имам партнер. Имам 32 години, а се гледам со машки ескорти, но и женски. Всушност и јас работам како професионална ескорт дама, бидејќи бев љубопитна за оваа работа. Ме интересираше како другите колешки ги извршуваат своите сесии ширум светот. Ангажирав и машки ескорти, првенство бидејќи бев љубопитна, а потоа бидејќи сакав да го одржам своето продорно сексуално искуство.
Кога изнајмувам жена ескорт, главно се фокусирам на еротска доминација. Имам свои фаворити кои се многу дарежливи и кои се потчинети. Тие се пример како моите робови треба да служат.
Кејлај
Иронично и јас работев како сексуална работничка. Во тоа се вовлеков, бидејќи имав голем сексуален нагон. Откако отидов во пензија, сфатив дека сакам анонимност и отвореност која ми ја даде ескортот. И тоа започна да ми недостига. Се обидов да пронајдам партнер по пат на Интернет страна за возрасни. Но, тоа беше хаос, мажите имаа долги листи со желби за тоа што сакаа да им го правам.
Потоа, сретнав 10 години помлад маж и имавме состанок кој беше под моите очекувања, во неговиот стан и постојано ме присилуваше да го задоволувам. Досадно.