Љубов и Секс

Каква е во кревет според бојата на очите?

Каква е во кревет според бојата на очите?

Црни очи
Дамите со многу темни очи се лидери, тие имаат брз и агилен ум, кој им помага лесно да излегуваат од напнати ситуации. Црните очи, се реткост и затоа се сметаат за мистериозни и потајни, затоа на дамите со такви очи им треба партнер кој е исто толку енигматичен и прикриен. Дамите со црни очи ја мразат монотонијата во креветот и партнер без фантазија нема да може да ги задоволи.

Кафеави очи
Дамите со кафеави очи во креветот се спонтани и различни. Тие оставаат спомени, што не се забораваат лесно. Тие се креативни и сензуални. На тие дами им е потребен партнер кој е подеднакво посветен на нив како во креветот, така и надвор од него.

Сини очи
Дамите со сини очи имаат неверојатна внатрешна сила и се многу амбициозни во животот. Тие се волшебнички кои нежно ги маѓепсуваат мажите со нивната убавина и сензуалност. Не се најголеми авантуристи во сексот, но дефинитивно не ја сакаат монотонијата. Им треба чувствителен партнер кој е либерален и љубопитен.

Шарени очи
Шарени се очите комбинација на кафеава и зелена боја. Тоа значи дека дамите со такви очи имаат вистинска комбинација на елеганција и сензуалност. Дамите со шарени очи добро ја познаваат својата душа и се малку затворени, но тоа не значи дека не се забавни и спонтани во креветот. Тие имаат потреба од партнер кој е многу нежен.

Сиви очи
Дамите со сиви очи се потајни и резервирани во креветот. Тие имаат потреба од креативен партнер кој ќе им открие нови хоризонти во сексот.

Зелени очи
Дамите со зелени очи поседуваат силна волја и сакаат да бидат лидери, но во исто време се мили и чувствителни. Околу нив секогаш има некаква мистериозност. Во кревет се многу креативна и многу секси. Го сакаат бурниот и страсен секс. Нивниот партнер треба да биде џентлмен кој е вистински ѕвер во креветот.

To top