Масао Матсумото (108) и неговата сопруга Мијако (100) се најстариот пар на светот и прославија 80 години брак.
Парот се венчал во 1937 година, а оваа информација ја потврди и Гинесовата книга за рекорди.
Стогодишната Мијако тврди дека нивниот брак трае благодарение на неа, односно нејзиното трпение.
„Многу ми е драго. Тој брак траеше благодарение на моето трпение, вели насмеаната Мијако.
Парот никогаш не успеал да направи прослава за свадбата бидејќи тогаш се подготвувала војна во Јапонија, а Масао бил испратен во војска.
Меѓутоа, тоа не ги спречило да имаат големо семејство, имаат 25 внуци, а најмладата е родена пред еден месец.
Јапонците во светот се познати по долгиот живот.