Живот и Стил

Мајка на тројка го покажа збрчканиот стомак и сподели инспиративна порака до сите жени

Мајка на тројка го покажа збрчканиот стомак и сподели инспиративна порака до сите жени

Блогерка преку моќна порака ги потсетува сите жени на нивната сила, храброст, издржливост и способноста да испливаат на површината и покрај сите проблеми со кои се соочуваат во животот.

Дезире Фортин, која е мајка на три мали деца, се обидува да ги мотивира жените да ги следат своите соништа и да не се засегнуваат од туѓите коментари и мислења.

До мајката која работи за да го издржува своето семејство, мајката која не работи за да се грижи за своето детенце, мајката која има стрии и овиснат стомак по бременоста, жена која се бори со неплодност… прочитајте ја охрабрувачката порака на Фортин упатена до сите моќни жени.

До мајката која има износено бебе, ти си моќна жена. Твоето тело можеби се променило, но е прекриено со убавина.

До жената која нема стрии како моите, но посакува да ги има. Каква и да е твојата приказна и каква и да е борбата со која се соочуваш, ти си силна. Ти си храбра. Ти си моќна жена.

До мајката која прерано има изгубено син или ќерка, без разлика дали за време на бременоста или подоцна. Ти си силна. Срцето ми се крши заедно со твоето. Ти се соочуваш со деновите со храбро срце и јас ја гледам твојата сила. Ти си моќна жена.

До жената која е до гуши во постпородилни проблеми. Ова патување е тешко, но ти си толку прекрасна мајка! Ти си моќна жена.

До жената која се соочува со анксиозност и депресија, ден по ден. Ти можеш да се справиш со тоа. Ти си моќна жена.

До младата жена која сонува за големи нешта. Ти си моќна жена и можеш да направиш сè што ќе ти падне на памет.

До мајката која работи. Благодарам што заработуваш за твоето семејство! Ти си моќна жена!

До мајката која не работи, те гледам! Ти си моќна жена.

До повозрасната жена која се враќа во школо за да стекне факултетска диплома. Ти си одличен пример. Ти си моќна жена.

До мојата ќерка, која има нежно срце и го гледа светот само како добро и големо место, ти си моќна жена. И едвај чекам да видам во каква личност ќе израснеш и влијанието кое ќе го имаш на овој свет.

До сите дами, вие сте моќни жени!

Дезире долги години се борела со неплодност, но пред три години го доби најубавиот порадок – стана мајка на три слатки дечиња.Фортин

Фортин

To top