До сега сите би требало да бидете свесни за нереалните стандарди во сексот, наметнати од страна на порно индустријата. Една од најчестите заблуди е во врска со времетраењето на сексот.
Ако мислите дека вашиот сексуален живот не е доволно добар бидејќи немате маратонски сексуален однос, не се грижите, не сте единствени. Новото истражување на порталот Lovehoney покажало дека просечното траење на сексот е 19 минути и тоа не само “чиста акција”, туку тука е пресметано и времето на предиграта од 10 минути. Тоа значи дека просечното време на сексот е 9 минути.
Во истражувањето учествувале 4.400 луѓе кои се испрашувани за нивните навики во сексот и произлегло дека 52% од луѓето се задоволни од просечното времетраење на сексот, додека 19% од жените и 23% од мажите се изјасниле дека сакаат подолго да трае.
Судејќи според ова истражување луѓето поминуваат подеднакво време во предигра колку и во “самата акција”.
Ако мислите дека тоа е многу кратко, ќе ве изненадат резултатите од истражувањата направени во 2008 година кога испитаниците одговориле дека времетраењето на сексот е од 3 до 7 минути.
Во истражувањето спроведено минатата година, откриено е дека најкраткиот секс траел 33 секунди, а најдолгиот 44 минути, додека просечниот бил 5,4 минути.