Македонската поп, пејачка Симона Попоска, покрај естрадната кариера одлично си ги „туркаше“ студиите по медицина, па така згодна охриѓанка неодамна дипломариша и стана лекар. Ама како музиката и науката никогаш немаат крај, разбирливо убавата лекарка тргна на специјализација.
Песната не ја батали, напротив, неодамна го промовираше одличниот сингл „Сама“, ама и белиот мантил не го соблече.
Најновите фотографии го докажуваат токму тоа. Во бел докторски мантил и стетоскопот околу врат, Симона покажува дека и во нејзината најверојатно, животна професија, изгледа преубаво и секси.
Сега и официјално да доби димломата во раце, а бидејќи воопшто не е мала работа да се стане доктор кардиолог, Симона го собра семејтвото, сопругот и сестрите Катерина и Билјана и на големо прослави за важната улога во животот.
Др. Симона е позната по секси стајлинзите, а за таков се одлучи и за овој значаен повод.
Позираше со семејството, а погледот ќе ви бега само кај градите и длабокото деколте на згодната докторка.