Љубов и Секс

Митови за сексот после четириесетата година

Митови за сексот после четириесетата година

Многумина велат дека 40-те се новите 30-ти, но со оглед на бројните митови за женската сексуалност поврзани со желбата и привлечноста по „одредена возраст“, ќе помислиме дека 40-те се исто што и 80-те. Сепак запомнете – митовите се само митови!

Ви претставуваме неколку митови за сексот после четириесетата година од животот:

  1. Како што стареете, се помалку ви е потребен секс

Нема да умрете без секс, бидејќи не се работи за храна или за вода. Но тоа не значи дека сексот ви е помалку потребен отколку другите нешта кои носат радост и задоволство, како и емоционално и физичко здравје. Сексот ја подобрува циркулацијата, со што хранливите материи стигнуваат до сите делови од телото, а организмот многу полесно се ослободува од непотребните материи.

  1. Неколкуте килограми вишок ве прават непривлечни

Уживањето во сексот не зависи од тоа како изгледате, туку од она како се чувствувате. Самодовербата може да ви биде висока, без разлика колку тежите. Ако не се чувствувате доволно секси, наместо да посегнете по втората порција, отидете на 30 минутна прошетка со партнерот, веднаш по вечерата. Тоа ќе ви помогне да го подобрите расположението. А, кога ќе легнете во постелата со партнерот, запомнете – кога жена ќе се соблече пред маж, тој не бара несовршености во нејзиното тело, туку само забележува дека е гола.

  1. Телото веќе не е сексуално, откако ќе влезете во предменопаузалната фаза

Секако, промените кои некогаш можат да настанат години пред менопаузата (нередовна менструација, промени во расположение, недоволна вагинална лубрикација итн.), ќе влијаат врз сексуалниот живот. Но, само затоа што телото ви се менува, тоа не значи дека станало асексуално. Едноставно, ќе треба да се адаптирате на промените и да продолжите со здравиот, сексуален живот. Ако имате потреба, не се срамете да посегнете по лубриканти.

  1. Премногу сте уморни за да имате секс

Логиката зад овој мит е добра – има смисла полесно да се изморувате на оваа возраст отколку пред 20 години. Но, многу поверојатно е дека „многу сум уморна“ е еден од најчестите изговори зошто да немате секс, отколку реална причина. Ако навистина немате енергија, тоа може да предизвика сериозен пад на сексуалниот нагон, но во исто време може да биде симптом на некоја далеку посериозна состојба, па затоа, веднаш консултирајте се со матичниот лекар.

  1. Не треба да се грижите за контрацепција

Така не мислат илјадниците мајки кои останале бремени на возраст преку 40 години, само затоа што не внимавале на контрацепцијата. Многу е тешко да се каже кога ќе престанете да овулирате, бидејќи тоа е процес кој е различен кај сите жени. Во одредени случаи, плодноста може да трае и преку 60-та година од животот. За да бидете сигурни дека веќе не ви е потребна контрацепција, консултирајте се со својот гинеколог.

 

 

To top