Личностите родени во овие два знака обожуваат сексуални експерименти и акција во креветот.
Лав – Родените лидери без проблем ќе ви покажат дека им се допаѓате, но исто така ќе реагираат на флерт. Доколку почувствуваат силна сексуална привлечност, ќе ги покажат заводничките способности и се ќе сторат за да ве освојат. Кога станува збор за афинитети во креветот Лавовите преферираат жесток и активен секс и пози во кои може се да гледаат. Тие се полни со страст и со оргазмот ќе ве вивнат во ѕвездите. Се палат на комплименти, па ако му кажете некој, бидете сигурни дека ќе доживеете експлозија под чаршавите. Најдобро му одговараат Овни и Вагите.
Скорпија -Мистичните Скорпии повеќе пати од страна ана астролозите се прогласувани за најсексуален знак. И навистина тие тоа и се. Нивната таинственост, магнетниот шарм и опасниот поглед се неодоливи за многумина и навистина не е потребно многу да сторат за да својот избраник го однесат во кревет. Иако се доста ексцентрични во креветот, имаат бујна имагинација и подготвени се да пробаат се, припадниците на овој знак сакаат галење и долги бакнежи. За нив велат дека го сакаат сексот повеќе од било што друго, а најмногу им одговараат Ракови, Бикови, Стрелци но и Овни.