Сексот е многу важен сегмент во секоја врска, но овој многу интимен чин, го достигнува својот врв дури тогаш кога двајцата партнери максималко уживаат во моментот, без воздржувања.
Во текот на сексот не се грижите за изгледот
Водењето љубов е страствен момент во кој, за максимално да уживате, треба потполно да им се препуштите на чувствата. Во тие моменти не ни е важно како изгледаме, каква ни е фризурата и дали ни се гледа целутитот.
Кажете му на партнерот сѐ што сакате
Сексот е многу индивидуален, а секој од нас има различни желби и потреби. Токму поради тоа, совршениот секс гарантира комуникација измеѓу партнерите. Ако не се двоумите партнерот да го насочите на “вистинскиот пат” или во текот на сексот му кажувате како да ја изведе вашата омилена поза, тогаш имате совршен секс.
После сексот се чувствувате опуштено и среќни сте
Докажано е дека сексуалниот однос влијае на работата на мозокот и лачење на хормоните за среќа и задоволство. Но, тоа се однесува само на страствениот секс во кој нема воздржувања. Ако после сексот не можете да ја симнете насмевката од лицето, чувствувате како телото ви трепери и не можете да му се спротивставите на заморот, тогаш вашиот секс е совршен.