Љубов и Секс

Експертите го коментираат следењето на вашите поранешни партнери по социјалните мрежи

Експертите го коментираат следењето на вашите поранешни партнери по социјалните мрежи

Колку пати ви се случило на Инстаграм да наидете на фотографија од вашиот поранешен партнер или само симпатија и после 10 минути да сфатите дека веќе сте стигнале до негова фотографија од 2014 година?

Сигурно барем еднаш сте се нашле во ваква ситуација. Сосема е нормално понекогаш да се заинтересирате за некој со кој барем еднаш сте биле на прошетка или сте мечтаеле за тоа, дури и ако редовно го проверувате неговиот профил, само за да видите дали има нешто ново.

Со тоа се сложува и професорката по психологија Сузан Краус Витбурн, која што понудила и стручно објаснување на темата.

„Сметам дека луѓето секогаш ги интересирал животот на нивните поранешни партнери. Нормално, друштвените мрежи тоа дополнително го поттикнуваат, бидејќи нив им е лесно да ви ги дадат информациите кои што вас ве интересираат, но тоа е сосема нормално човечко однесување”, нагласува таа и додава дека сепак постои алармантен сигнал.

„Ако секојдневно, по неколку пати во текот на денот го проверувате вашиот поранешен партнер на Инстаграм и ако ги следите коментарите под фотографиите кои му ги поставуваат пријателите (особено други жени), значи дека сепак сте отишле предалеку и дека треба да се научите да го контролирате тоа и да продолжите со својот живот без вашиот поранешен партнер да биде дел од него” , советува психологот.

извор:точка

To top