Љубов и Секс

Дознајте ја тајната на среќниот брак

Дознајте ја тајната на среќниот брак

Долготрајниот брак не значи секогаш дека е среќен, а не ретко многу парови остануваат заедно само поради парите, верските убедувања или децата. Но, за среќен брак потребно е сепак нешто малку повеќе – цврста, стабилна и задоволителна врска меѓу двајца.

Нештата кои овозможуваат бракот да потрае, тесно се поврзани со комуникацијата, поддршката и менталното здравје, а токму тоа го тврди Артур Арон, професор по психологија на универзитет во Њујорк. Но, ни постоењето на сите три елементи не гарантира успешен брак, доколку тој не е значаен и важен за двајцата партнери, и не им ја обезбедува потребната поддршка.

Според тоа, најдобрите бракови се токму тое кои му носат задоволство на секој партнер. На пример со векови на бракот се гледало како на економска и општествена институција, додека интелектуалните потреби на поединците биле занемарени. Но, денес луѓето се во потрага по партнери и љубовници со кои ќе можат да остварат долготраен и квалитетен однос во кој ќе бидат покриени сите потреби.

Докторите Арон и Гари В. Левандовски по спроведеното истражување откриле дека лицата кои имаат прилика да научат нови вештини и знаења за време на трањето на среќна врска, на тој начин се развиваат како поединци. Досегашните истражувања покажале дека развивањето за време на врската овозможува и поголемо задоволство и блискост на партнерите.

Доктор Левандовски тврди дека секој поединец може со едноставни прашања да испита колку навистина се развива покрај својот партнер и на тој начин да добие јасна слика за бракот. Некои од важните прашања се: „Колку врската со партнерот ве натера на учење и осознавање на нови нешта? Колку запознавањето на партнерот ве направи подобра личност?

Имено поединци кои имаат прилика да учат од партнерот, се мотивираат за саморазвивање и дознававаат нови вештини, ги поставуваат своите партнери на многу важна, речиси незаменлива позиција.

Со тоа е објаснето позитивното дејство на патувањата со партнерот, кога и двајцата имаат можност да доживеат нови искуства кои се одлична прилика за саморазвивање. Но, поединци можат да учат и стекнуваат нови искуства со помош на своите партнери и преку запознавањето пријатели, водење интересни разговори, прераскажување доживувања или одење во нов ресторан.

Почетната среќа во бракот по некое време лесно спласнува и исчезнува. Според зборовите на научниците, често се случува една личност едноставно да го прерасне бракот и партнерот повеќе да не и одговара на емотивно, ментално и сексуално ниво. Поради тоа, според зборовите на научниците, потрудете се да растете, да се развивате и учите нови нешта во склад со својот партнер и така обезбедете си долг и среќен брак.

To top