- Размислувајте како пештерски човек
Жените имаат цела палета емоции, додека мажите обично имаат само три: лутина, тага и среќа. Никогаш не го проектирајте својот сложен емоционален свет врз својот син. Неговите проблеми во моментот најверојатно не се толку комплицирани колку што мислите. Во текот на денот тој ќе има потреба за храна, тоалет и трчање. Воопшто не сака да зјапа низ прозорецот додека дискутирате за смислата на животот.
- Внимавајте на говорот на телото
Кај момчињата нештата најдобро се познаваат според говорот на телото, не според зборовите. Доколку скока по цели денови, тоа е добро. Доколку се шета со виснати рамена, тогаш нешто не е во ред. Ако вашиот син е прегласен, тоа е сосема нормално. Ако по цел ден е тивок и незабележлив, тогаш очајно му е потребно вашето внимание, бидејќи нешто го мачи.
- Кога не сте сигурни – гушнете го
Момчињата имаат далеку поголеми потешкотии да ги искажат своите проблеми отколку девојчињата. Токму затоа, може да се случи вашиот син да почне да плаче за навидум тривијални нешта. Треба да знаете дека секогаш постои некој подлабок проблем зад таа сцена. Ако тој не е подготвен да ви каже, не го форсирајте. Во тој миг, решението е физичко, не вербално. Гушнете го и веднаш ќе се почувствува подобро.
- Тоалетот е светост
Девојчињата започнуваат да го користат тоалетот шест до девет месеци пред момчињата. Но, откако момчињата ќе го научат она што треба, утринското одење во тоалет станува најважниот ритуал во текот на денот. Не се чудете ако вашиот син посака да отидете со него во тоалет, не само за да му помогнете со бришењето, туку и да разговарате за формата и состојбата на изметот. Ова е нормално.
- Бетмен живее вечно
Момчињата уште од најрана возраст ја сфаќаат важноста на супер моќите. Сакаат да бидат добри и веруваат во постоењето на доброто во светот. Момчињата го градат својот идентитет во сооднос со митските суштества за кои слушаат приказни. Дозволете му да ја помине оваа фаза од животот, без какви било забелешки.
- Бесцелната физичка активност е совршена
Момчињата сакаат да создаваат. Ако на вашиот син му кажете дека треба да направи кула од камења, тој ќе започне да работи, без никаков приговор. Без разлика колку и да се тешки камењата, работата ќе биде завршена, тој ќе биде горд на своето дело, а на крајот ќе биде среќен и доволно изморен за мирно да ја преспие вечерта.
- Победувањето е важно, но не колку што мислите
Момчињата се многу покомпететивни од девојчињата и сакаат да бидат најдобри во сите активности. Не зборуваат многу за овој порив, па затоа болката од неуспесите е многу подлабока. Важно е кога вашиот син ќе се соочи со неуспех во некое поле, да му ги посочите сите грешки и да му понудите начин како да се подобри себеси во иднина.
- Облеката е важна
Трудете се да му ја купите правилната комбинација на фармерки и маичка, којашто е модерна во моментот. Момчињата се исклучително чувствителни кога отскокнуваат во социјалните ситуации.
- Спиењето е светост
Момчињата во просек се физички многу поактивни, па затоа е многу тешко да ги седнете во едно место. Најдобро време за ова е 10 минути пред спиење, кога се уморни. Легнете до нив во креветот. Раскажете им приказна, разговарајте за проблемите, создадете ја врската што сакате да ја имате во текот на целиот живот.