Живот и Стил

Каролина Гочева како божица на Миконос: Девојки, ќе се заљубите во нејзиниот фустан (фото)

Каролина Гочева како божица на Миконос: Девојки, ќе се заљубите во нејзиниот фустан (фото)

За нејзиниот моден стил би било излишно да се коментира, бидејќи добро познато е дека македонското девојче Каролина Гочева, важи за една од најстилските пејачки на домашната естрада.

Дури и кога не е на сцена и нема помош од нејзината верна долгогодишна соработничка Цаци Паковска, Каролина има префинет и истанчен вкус.

Преферира едноставност и минимализам, а пак од оние кежуал парчиња, најчесто ги избира повпечатливите, а не ретко и таквите со етно мотиви.

Ова лето, таа и нејзиниот сакан сопруг Михаил Корубин повторно се вратија на омилената летна дестинација, грчкиот остров Миконос, а Керол кога е таму не се штеди на објавување фотографии како по пракса.

Имено, на нејзиниот профил осамнаа неколку фотографии на кои Гочева има стилски моден погодок кој сигурно би и се допаднал на секоја девојка и жена.

Mykonian nights ?

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva) on

На едната фотографија е целосно во минималистичка црна комбинација, а контрастот е на црно-белите обувки, додека на другата е како божица во бел широк фустан кој е идеален за топлите денови, особено за на плажа.

Always windy Mykonos ?

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva) on


Сигурни сме дека ве освои!

To top