Некои од нив отворено ќе ви признаат дека се заинтересирани само за секс, но некои нема.
Ова се знаците по кои можете да препознаете маж кој не е зрел за врска и кој сака само едно нешто од вас.
Ова само по себе не значи многу, но факт е дека мажите кои обрнуваат големо внимание на својот изглед, тоа го прават за да го привлечат вниманието на жените. Постои шанса тој да е прекрасно момче кое ја бара љубовта на својот живот, но најголемите “фраери” кои често ја менуваат облеката, најчесто на тој начин ги менуваат и жените.
Очекувате сè да направите сами
Мажите кои се навикнати да ги користат жените само за секс, навикнати се и на тоа тие да се трудат околу нив. Затоа, мажот кој сака само секс од вас често ќе ви испрати само основна порака од типот на “Еј” и ќе чека останатото да го направите сами.
Не обрнува внимание кога зборувате
Доколку ви се чини дека тој всушност не ве слуша, а во разговорот само бара шанса конечно тој да зборува, имате класичен пример на маж кој размислува краткорочно и само за себе.
Или кај него. Состаноците во јавност не доаѓаат предвид, како ни запознавањето на заедничките пријатели. Ова е еден од најјасните знаци дека станува збор само за интерес за секс.
извор:точка.мк