Најпознатата пејачка во регионот Драгана Мирковиќ долго време заедно со семејството живее во Виена.
Таа не зборува многу за својот приватен живот, а нејзините деца не сакаат да се појавуваат во медиумите и се кријат од јавноста.
Ќерката на Мирковиќ и Тони Бјелиќ го прослави својот 16ти роденден, а по тој повод газдарицата на ДМ САТ организираше забава далеку од очите на јавноста.
На прославата немало новинарски екипи и папараци, меѓутоа на својот Инстаграм профил пејачката сподели неколку фотографии и покажа како нејзината наследничка го прослави роденденот.
Инаку, Драгана и сопругот имаат две деца, синот Марко и ќерката Мануела кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност.
фото: инстаграм