Радио Милева „божествена“ жена...

Премлада за „теткица“, превозрасна за тинејџерка: Снеже Велков ќе ви објасни како изгледа жена по 42-та… или барем тие како неа! (ФОТО)

Премлада за „теткица“, превозрасна за тинејџерка: Снеже Велков ќе ви објасни како изгледа жена по 42-та… или барем тие како неа! (ФОТО)

Роденден е денот што го чекаме цела година… Особено кога сме деца, а потоа? Потоа кој како! Особено, која – како! Дамите најчесто се почувствителни на стареењето, најверојатно заради природата на женското тело, ама сепак повеќето знаат како да се носат со возраста. А кога ќе дојдат родендените, на дамите не им се бројат годините… Така е барем по бон-тон, иако новото време изроди нови правила, па веќе никој и не прашува за возраста. Ако естетиката и сексапилот на дамата ти „фаќа око“… Па за натаму – ќе видиме!

Возраста едни ја маскираат со естетски зафати, други со козметички препарати, трети оставиле на мајката природа, па што дал Бог… А една од оние кај што и природата и Бог дале „нешто конкретно“ уште од старт па се’ до денес и на лик и на дело, е македонската ТВ водителка и пилатес инструкторка Снеже Велков.

Во духот – девојченце, во ликот „бејби – фејс“,  премлада за „теткица“, сепак по лична карта (и од старите и од  новите – сеедно) превозрасна за тинејџерка, славеше роденден.

Годините не ги крие, па затоа Снеже Велков и самата решила  „сликовито“ да објасни како изгледа жена по 42-та… Или барем тие како неа!

Ова се нејзините 15-тина „оче наш“ заповеди, за кои се’ уште цврсто  се држи како за… За што и да е, важно што подолго да трае…

„Малку за  мудрување многу за лудување.
Таман за посматрање и припазување.

Уште млада за пензионирање, троа стара за глупирње.
Таман за ресетирање и од насобрани ствари зачистување.

Уште млада за апаратче за притисок,  ама таман за апарат за кафе.

Млада за бастун стара за на шипка, таман за сукало во кујна.

Млада за на бања, стара за во када, таман за на море.

Млада за пеги стара за акни таман за целулит.

Млада за појас за кичма, стара за минич- таман за одело.

Млада за на физикална стара за во игротека таман за на точак.

Млада за старачки екскурзии стара за диско таман за на концерт.

Млада за јавување кај Роберт на утринска стара за на Дајте музика таман за на Нешто Конкретно.

Млада да заборавам неправдини, стара да памтам глупости  таман да уживам во убавини.

Млада да не дослушувам, стара да избувнувам таман да терам све у пи*ку матер.

42 Машла“ – споделила водителката.

Нека ти е најсреќен, ти неверојатно „божествена“ жено!

Фото: Фејсбук и Инстаграм/velkovsneze

 

To top