Љубов и Секс

Кои се причините за намалување на страста во кревет

Кои се причините за намалување на страста во кревет

Во последно време, не сте во расположение за секс, и кога тоа ќе се случи, повеќе не го уживате како порано. Најверојатната причина лежи во една од овие причини:

Диета

Ако не јадете доволно и постојано сте гладни, може да се случи и вашето либидо да се намали. Со намалување на калориите во вашето тело, го намалувате внесот на енергија, што исто така може да предизвика губење на „апетит“ за тие работи.

Недостаток на сон

Ако спиете помалку од пет часа на ден, доаѓа до намалување на лачењето на машкиот хормон тестостерон, што доведува до намалена сексуална потреба. Недостатокот на сон е исто така одговорен за намалување на женското либидо.

Апчиња за контрацепција

Една студија спроведена пред две години го потврди сомневањето дека апчиња за контрацепција кај жените ја намалуваат желбата за секс.

Прејадување

Ако сте склони кон прејадување, по обилната трпеза, нема место за игри во креветот. Имено, со внесување на храна која содржи премногу заситени масти, директно влијаете на помал проток на крв во полните органи.

Стрес

Дури 60 отсто од жените во едно од студиите откриле дека нивниот замор и стрес се главните виновници за намалената сексуална желба. Истата причина се споменува и кај мажите.

Депресија

Оваа ментална состојба во голема мера влијае на либидото на лицето. Дури 70 отсто од испитаниците кои ја доживеале оваа состојба велат дека нивната депресија довела до намалена сексуална желба, а утврдено е дека некои од антидепресивите се одговорни за сексуалната дисфункција.

Анемија

Кај жените, анемијата може да биде виновник за помала потреба за секс. Решението е да се зголеми апсорпцијата на железото во телото.

To top