Бакнежот ги поттикнува емоциите и страста кај партнерите. Постојат неколку техники за бакнувањето да го доведете до совршенство. Еве неколку од нив:
Како до првиот бакнеж?
Скршете го мразот и на почетокот на состанокот бакнете го партнерот во образ, а кога ќе дојде време за вистински бакнеж и двајцата ќе бидете многу порелаксирани. Допрете го партнерот во текот на вечерта, но допирот да не трае премногу долго. Чекајте го вистинскиот момент за претставување на самите себеси.
Чекор по чекор
Благо искривете ја главата, затворете ги очите (за да ја почувствувате сензацијата на бакнежот). Бакнете нежно и меко со малку отворена уста. Внимавајте на мирисот на здивот. Нежно движете го своето тело кон неговото, а ако тој ви одговори на ист начин, тогаш доближете ги своите гради кон него, а потоа и половината и колковите. Почувствувајте го ритамот на својот партнер и следете го.
Јазикот
Нежно истражувајте со јазикот по внатрешноста на неговата уста, обрнувајќи внимание на емоциите и ритамот на партнерот. Потоа играјте се со јазиците.
Што треба, а што не, додека се бакнувате?
Без лигавење – влажноста не треба да биде поголема од нормалната. Не ги стегајте усните – дозволете вашите усни да бидат релаксирани, а не стегнати. Кокетирајте – бидете нежни отпрвин. Дајте му шанса на партнерот да ги бара и сам да дојде до вашите усни. Користете ги сите сетила – водете љубов преку усните. Бидете свесни за својата орална хигиена. Не притискајте ги премногу своите усни, кон усните на партнерот, затоа што може да боли, а нему ќе му биде тешко да возврати.
Техники за специјален бакнеж
Благо грицкање на усните. Држете ја главата на партнерот со двете раце и страсно бакнувајте го. Бидете креативни, изградете свој стил на бакнување, не се задржувајте на еден начин. Дозволете јазиците да танцуваат заедно. Користете чоколадо, мед или други слатки, за усните да бидат вкусни и слатки.