Радио Милева зимска купка

Не пливаше по крстот, зашто тоа не е тој празник, ама сатисфакцијата е поголема да се капеш на Бадник: Снеже Велков „на старост полуде“, ги измеша православните празници или побрза да ги слави Водици? (ВИДЕО)

Не пливаше по крстот, зашто тоа не е тој празник, ама сатисфакцијата е поголема да се капеш на Бадник: Снеже Велков „на старост полуде“, ги измеша православните празници или побрза да ги слави Водици?  (ВИДЕО)

Македонската ТВ водителка и екс пилатес инструкторка Снеже Велков дефинитивно има ако не чудни, во најмала рака необични навики. Особено за поедини празници, кога навиката и преоѓа во ритуал, голем или мал – сеедно… Важно е да се остане посветен на замисленото и секако, да се реализира истото.

Достојна на традицијата водителката остана и годинава. Летото оддамна заврши, новото е далеку, но не и за Снеже Велков. Празниците за и по Нова Година нудат низа неработни денови, што се згодна прилика да се замине некаде до дома, доколку се може. А кај Снеже очигледно се има и се може, па водителката за деновите на Рождеството Христово заврши на морето во јужното соседство.

Прошетките крај брегот, благата морска клима и убавиот поглед на Егејското синило се доволни за сите да ги наполнат батериите, но не и за Снеже. Она што ја исполнува русокосата убавица е јануарска авантура во вид на зимско капење.

Студената вода за сите смрзнувачка, за водителката предизвикувачка… Иако навидум слабичка и нејака, она што на сите други би им било тешка мака и ни за жива глава не би го направиле, таа го направи со невидена леснотија, па за миг русокоста и големата вода како едно се сплотија.

Принципот едноставен, без многу филозофија: Одиш, влегуваш, се смрзнуваш, излегуваш… До душа, процедурата претходно малку покомплицирана, ама штом се сака – не е тешко.

Го соблекуваш дресот, покажуваш мускули колку си „развиотка како мотка“, па правиш „Кип на слободата“ поза за селфи фотка, по што следи молитва за не дај Боже, па разгибување против грчеви и… Еден, два, три… Снеже  им се фрли во прегратки на морските бранови!

Но, неееее… Не пливаше по крстот, зашто тоа не е тој празник, ама сатисфакцијата е поголема да се капеш на Бадник!

Снеже Велков со победнички кренати раце на излегување од ледената вода сподели бакнежи и ги остави сите во прашалници: Дали на старост полуде, случајно ги измеша православните празници или намерно побрза предвреме да ги слави Водици?

Што и да е… “Нема голема филозофија, ама голема сатисфакција и насмевка и радост, а  најважно чуството на победа“ – што би рекла водителката! За многу години и Бадник и Божиќ отпосле и сега Водици! Или се’ на се’ – Среќни празници!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Фото: Инстаграм/velkovsneze

To top