Радио Милева

„Сите му ѕиркаат од задникот“: Аца Лукас жестоко распали по Карлеуша и Марија Шерифовиќ!

„Сите му ѕиркаат од задникот“: Аца Лукас жестоко распали по Карлеуша и Марија Шерифовиќ!

Некогашните добри пријатели Јелена Карлеуша и Аца Лукас не само што го прекинаа пријателството, туку жестоко се скараа.

Јеца и Лукас веќе некое време не се во добри односи, а последниот удар го даде Карлеуша која во интервју истакна дека во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ ако сакаше таа можеше да ја промовира својата нова песна, наместо Аца Лукас и Милица Павловиќ.

Лукас не молчеше на ова, па жестоко и врати на поп дивата, а ја спомена и Марија Шерифовиќ, која исто така е дел од жирито на музичкото шоу.

 

„Можеше таа и многу повеќе од тоа, не се знае кој повеќе ѕирка од гаќите на Поповиќ, дали таа или Марија Шерифовиќ, а бидејќи тој ги сака оние кои му „ѕиркаат од гаќичките“, не ја исклучувам таа можност. Се на се, „ме боли“ за нив заедно. Имам јас добра работа, а ќе биде и добра и после „Ѕвездите на Гранд“, за разлика од сите нив кои беа „бивши“ пред да ги побара Поповиќ и да ги извади од длабоки дупки во кои им беа погребани кариерите. Па, како нема да му „ѕиркаат “ од задникот на Поповиќ. Јас немам потреба за тоа, а ниту сакам некој да се приближува во мојот. Толку!, порача Лукас.

фото:Зоран Лончаревиќ/ Стеван Ранковиќ

To top