Стоја Новаковиќ за прв пат се омажила на само 16 години, а на веќе 17 години го родила своето прво дете.
Таа е 10 години во брак со Игор Јовановиќ, архитект, кој не го покажуваше често во јавноста.
– Долго опстојуваме како сопружници бидејќи сме полни со разбирање еден за друг. Би рекола дека разбирањето, љубовта и почитта се она што нè одржува во сите овие години. Тоа е рецепт за младите кои сакаат да стапат во брак доколку сакаат да имаат квалитетен, нормален брак, да ја имаат сета слобода на светот и навистина да уживаат во хармоничен однос со партнерот, изјави Стоја пред неколку години.
Стоја истакна дека Игор е многу внимателен и дека постојано и купува подароци и приредува изненадувања, а кога таа ќе наиде на „жолта минута“ бега од дома.
Новаковиќ никогаш не криела дека врската со Игор и била многу турбулентна и дека поради него правела разни луди работи, па удри и во бетонски ѕид со автомобилот само за да не ја остави.
Она што е интересно е што Игор неодамна направи профил на социјалната мрежа Инстаграм. Судејќи по фотографиите кои Игор ги објавува, тој редовно ја посетува теретаната иако е во зрели години, што е за пофалба.
Фото: Printskrin/Instagram/jovanovicigor/stoja_institucija