Радио Милева пиле мамино...

„Среќна петка“: Тамара Тодевска вака го слави роденденот на синот (фото)

„Среќна петка“:  Тамара Тодевска вака го слави роденденот на синот  (фото)

Децата растат за миг, а секој нивни роденден за родителот е гордост, задоволство и голем повод за славење.

Токму таков повод сега има во домот кај македонската пејачка Тамара Тодевска.

Кај неа секогаш е весело со двете деца, а таа во јавноста редовно ги споделува нивните забавни активности од секојдневието.

Но, денес Тамара веднаш штом го зема мобилниот во рацете нејзината објава беше за синчето Дарен кој позираше пред мобилниот на мама со насмевка, мала торта и свеќичка со бројот 5.

Додека во позадина пејачката ја надополни објавата со песната „Today is your Birthday“, под тортата во форма на срце напиша:

– Среќна петка пиле мамино.

 

Неодамна синчето Дарен ја прими христијанската религија и беше крстен во цркварта Св. Јован Крстител, каде имаа возбудлив ден за светиот чин кој ги собра најблиските.

Дарен  веќе е потпораснат, па овој момент за него беше доста интересен.

А, Тамара бидејќи е редовна на социјалните мрежи неодамна ги сними и  на сите им откри дека синчето Дарен заедно со ќеркичката Хана веќе оставиле под новогодишната елката и писменца со желби до Дедо Мраз.

Фото: Printskrin/Instagram/tamaratodevska

 

 

To top