Дали се чувствувате како вие и вашиот партнер постојано да сте во војна и постојано да се расправате за истото? Вие не сте единствените.
Кога станува збор за љубовта, разни работи можат да предизвикаат раздор меѓу партнерите.
Најчеста причина за кавги
Истражувањата покажаа дека мрзеливоста е причина за жестоки расправии. Во просечна врска, во просек има 32 кавги годишно – една на секои 14 дена.
Жените се вознемирени од таложењето на непотребни ситници, како спортска опрема, расипани апарати и непотребни алатки без посебно место за нивно ставање, пренесува магазинот City.
Од друга страна, мажите не поднесуваат десетици непотребни сентиментални ситници кои нивните партнерки ги чувале уште од основно училиште и разни парчиња мебел кои не служат ни како украс.
Ова се резултатите од истражувањето спроведено на повеќе од 2.000 парови кои живеат заедно, а кавгите поради недостаток на простор доведуваат до раскинување на врската.
Решение?
Психолозите советуваат дека компромисот е клучот за успешна врска.
Исто така, важно е да бидете подготвени да ги промените навиките стекнати како самци.
Еден од осум парови признал дека тајно намерно ги уништуваат работите на партнерот кои не ги сметаат за пожелни.
извор:попара.мк