Честопати не можеме да се помириме со фактот дека врската е завршена, па се трудиме да останеме во пријателски односи, но не е секогаш вистинското време, особено ако чувствата не се искрени.
Дознајте дали сте преболеле и дали сте подготвени да се дружите со бившиот како пријатели.
Сè уште сте заљубена
Доколку сè уште имате романтични чувства или сте лудо вљубени во бившиот, ќе ви биде многу тешко да преминете во следната фаза, односно платонско пријателство. Можеби ќе можете да бидете пријатели еден ден, но очигледно сè уште не е време за нова фаза во вашата врска.
Сè уште имате секс
Пријателството значи нема романса, ни секс во врската. Сексот со бившиот ќе создаде удобност, но и ќе го направи попривлечна личност, што значи дека сепак ќе бидете приврзани за него. На долг рок, сексуалниот контакт со бившиот често го отежнува патот кон иднината.
Сакате да ја обновите врската
Раскинавте затоа што мислите дека врската не функционира или и двајцата мислите така. Но, ако сепак сакате да ја обновите вашата врска и да се обидете да создадете пријателство, треба да престанете. Таквото пријателство ќе биде лажно, а за да се создаде вистинско пријателство треба да биде искрено. Во спротивно, подобро е да бидете искрени со себе и да го прифатите фактот дека не сте заедно.
Сакате пријателство поради вина или несигурност
Ако му го скршивте срцето на поранешното момче, го изневерувавте или го излажавте, тогаш вината или несигурноста може да ја поттикнат вашата желба за ново пријателство. Или можеби не сакате да бидете сами затоа што не сте навикнати на тоа. Во овие случаи, најдобро би било да не го поттикнувате вашето ново пријателство. Ова секако не се најздравите причини за пријателство.
На крајот, секој треба да размисли за својата ситуација, но ако поранешниот партнер предизвикува негативни чувства како тага или вознемиреност, тогаш не е можно да се има пријателство на здрав начин. Исто така, не е здраво ако се каете за стара врска или сте премногу приврзани за минатото. За повеќето луѓе, раскинувањето со бившиот е дел од процесот на заздравување и дури по некое време тие можат да се поврзат со бившиот и да станат пријатели.
Извор: Кајгана