Ќерката на Брус Вилис објавила фотографија на Инстаграм на која е со татко ѝ, славниот актер.
Вниманието го привлекле зборовите кои му ги упатила. Холивудската ѕвезда се бори со афазија и фронтотемпорална деменција. Вилис вчера се појавил во Лос Анџелес и судејќи по фотографиите, нема значителен напредок, а како што изјавил негов пријател, состојбата дури и се влошува.
„Навистина ми недостасува тато денес“, напишала ќерката на Брус Вилис и Деми Мур покрај фотографијата.
View this post on Instagram
Фотографијата настанала во 80-тите години, а Румер му ја посветила на својот татко за Денот на татковците. Брус Вилис и неговата наследничка разнежиле голем број луѓе. Таа на сите им открила дека е многу носталгична кога станува збор за времето кое го поминува со својот татко.
Румер Вилис предизвикала бура од емоции и кога пред повеќе месеци објавила фотографија на која е прикажан Брус Вилис како ја држи во прегратки својата внука Луета која таа ја добила со својот партнер, сопругот Дерек Ричард Томас.
View this post on Instagram
Гледајќи го мојот татко како ја држи ќерка ми денес е нешто што ќе го ценам до крајот на животот. Неговата слаткост и љубов кон неа се толку убави и чисти. Тато, многу сум среќна што те имам тебе. Ти благодарам што си најнежен, најкул татко кој една девојка може да го посака. Најдобриот татко е во игра“.
фото:Instagram printscreen