Љубов и Секс

Кој би рекол: На овие пет денови во годината луѓето најмногу водат љубов

Кој би рекол: На овие пет денови во годината луѓето најмногу водат љубов

Иако сигурно е точно дека во секој момент некој некаде води љубов (како и се раѓа и умира), има време кога гужвата под јорганите е најчеста, а научниците дошле до точни податоци.

Истражувањето SKYN Condoms Millennial Sex Survey од 2015 година. Оваа голема студија прашала 5.117 луѓе на возраст од 18 до 34 години за секој мал детал од нивниот сексуален живот – а одговорите биле навистина интересни, пишува Максим.

На прашањето која годишна прилика најчесто се слави со секс, најчестиот одговор е роденденскиот секс, со тоа што се согласуваат неверојатни 79% од милениумците.

На второ место е Денот на вљубените со 73%, додека годишнините (67%) и празниците (63%) ги заокружиле третото и четвртото место. И, конечно, може да ве изненади тоа што не се сите зафатени за Нова година – околу половина, или 58%, водат љубов наместо да слават.

Но, не мора да чекате една од тие можности за да ги зголемите шансите за секс. Студијата покажала и дека 55% од милениумците рекле дека имале секс за помирување по жестока расправија.

Извор: Попара

To top