Овој месец ноември, како и секој претходен, во семејството на пејачката Бојана Скендеровски е период за интензивирани чувства на убаво, споделување љубов, емоции, спомени…
Кога нешто е убаво повеќето имаме чувство и потреба тоа да го споделиме, а сега во период на секојдневна употреба на социјалните мрежи, токму тука пристигнуваат и информациите, а во случајов со нив и честитките.
Па така, Бојана меѓу своите последни објави сподели приватни моменти кои не се реткост од нејзината пракса, така што деатлите од приватноста не се сокриени од пошироката јавност. Напротив, Бојана најчесто е транспарентна, а посебно кога е нешто вака убаво како сега.
Поводот специјален! Првин датумот од годишнината брак со нејзиниот сопруг Васко со кого се заедно пред Бога и законот веќе осум години, а плод на взаемната љубов се наследниците Искра и Ѓорѓи.
Повод за славење следеше и имаше уште еден. Овој пат, роденденот на најзината мама Жане.
Дама и госпоѓа во вистинска смисла, отмена и со став, стилизирана по мерка, комплименти кои оправдано ги доби со роденските честитки.
-Мојата дама денес слави роденден… Да си жива и здрава мамо!- пишува Бојана во објавата со која ја покажа мајка си од која евидентно ја наследила убавината, а и ставот. Она што се знае за мама Жане е дека е во долгогодишен брак и има две ќерки, а својот работен век го минува во Македонски пошти.
Инаку, Бојана изминатиот период беше доста активна со проектот „Македонија вечна“ и караванот низ градовите низ земјата.
Освен тоа музички активна беше и на фестивалската сцена од „Макфест 2023“ каде настапи со песната „Да те немам“.
фото: Фејсбук/ Бојана Скендеровски