Адријана Лима се појавила на премиерата на „The Hunger Games: The Ballad of Songbirds & Snakes“ во Лос Анџелес заедно со целото семејство, а промената на нејзиното лице не останала незабележана.
Имено, манекенката се појавила со видно закосени очи и подигнати веѓи, што предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.
Многумина се посомневале дека станува збор за процедурата наречена „fox eyes“, која ја испробаа многу познати дами и која стана своевиден тренд во светот.
Adriana Lima before and after.
What has she done? pic.twitter.com/V34wlSc6nQ— Sabrina Smolders 🦋🌹 (@SabrinaSmolders) November 16, 2023
„Што направила со лицето?“, „Морам да знам што се случило со лицето на Адријана Лима и морам да го дознаам тоа веднаш“, „Последната верзија на Адријана Лима која наводно имала пластична операција“, се само дел од коментарите.
Откако ги „закачи крилјата“ во 2018 година, Лима во ретки прилики му се враќаше на манекенството. Но, со најавата за враќање на култниот бренд за долна облека „Victoria’s Secret“, беше најавено и дека Лима повторно ќе биде едно од нивните заштитни лица.
Necesito saber qué le ha pasado a Adriana Lima en la cara. Y necesito saberlo con urgencia. pic.twitter.com/V3RQKWCVKv
— El Rey Cayetano (@ElReyCayetano) November 14, 2023
Адријана Лима во средата се огласи на Инстаграм за да одговори на критиките на оние кои сугерирале дека се подложила на затегнување на лицето.
Поранешната манекенка на „Victoria’s Secret“ споделила фотографија на која е без шминка за да ги побие тврдењата дека имала естетски зафати на лицето.
„Лицето на уморна мајка на тинејџерка, двајца предтинејџери, едно активно момче, 1-годишно дете кое учи да оди и три кучиња… благодарам за грижата“, напиша таа покрај нејзината фотографија.
фото:Инстаграм принтскрин/Твитер