Во домот на Јелисавета Орашанин има голема прослава. Популарната актерка го слави роденденот заедно со нејзината мајка.
„Среќен ни роденден, мамо“, напиша таа покрај нивните заеднички фотографии.
View this post on Instagram
Јелисавета, која наполни 35 години, нежно ја држи мајка си за рака, пред нив е елегантната торта украсена со разнобојни рози, а многумина им честитаа и им посакаа се најдобро.
Роденденот е и единствената можност да ја видиме мајката на Јелисавета Орашанин, која очигледно не сака да се експонира. Многумина коментираат дека изгледаат многу слично и дека единствената разлика е во бојата на косата. Госпоѓа Маца, како што некој ја нарече во честитка, повеќе го сака русокосото издание.
Прославата започнала претходната вечер, а актерката ги поканила своите пријатели и колеги со кои приватно се дружи во кафеана.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/jagodenamagli