Таа е слободна, привлечна и – сама! Иако мисли дека мажите не ја сакаат, на многумина им е всушност привлечна, но се однесуваат како таа да гризе.
Дали сте запознаени со ова сценарио? Се повеќе жени се жалат дека мажите се плашат од нив, а еве што всушност може да ги одбие.
„Остар јазик“. Многу жени, но и мажи, чувствуваат потреба да бидат „автентични“ и „искрени“, па своето мислење го искажуваат и кога ги прашуваат и кога не ги прашуваат, често со брутални зборови.
Луѓето кои имаат коментар за се и „мораат“ да го дадат, без разлика дали тоа ќе ги повреди другите, предизвикуваат одбивност. Зборовите можат да бидат остри како нож, па дури и ако сакате да кажете нешто негативно, изберете термини што нема да ги навредуваат или исплашат луѓето околу вас.
Фалење со успеси. Многу мажи се исплашени од успехот на жените, но тоа не е само нивна вина. Уште од мали нозе слушаат дека постигнувањето успех е единствениот начин да се биде прифатен во општеството, па затоа се плашат од жени кои се истакнуваат и постојано зборуваат за тоа.
Ако чувствувате дека мажот што ви се допаѓа е несигурен, немојте веднаш да ја покажувате вашата деловна страна. Наместо тоа, покажете го приватниот дел од вашата личност, за тој прво да ве запознае, а дури потоа вашите достигнувања.
Имате огромни цели. Никој не вели дека треба да ја скриете амбицијата, но мажите се плашат ако проценат дека грандиозните цели се главната работа во вашиот живот. Покажете дека и малите нешта ви се важни, дека уживате во „ситниците“. Не пропуштајте да ги пофалите пред други луѓе, а наскоро и самите ќе добиете мали знаци на внимание – токму од мажот кој ве интересира.
За крај, не бидете мртви сериозни. Тоа не значи дека треба постојано да се насмевнувате на се, но секако имате детска страна. Покажете ја.
Извор: Попара