Радио Милева уште нерасонета

„Си знаеш што ти посакувам“: Сопругот на Сара Мејс и приреди вистинско утринско изненадување (фото)

„Си знаеш што ти посакувам“: Сопругот на Сара Мејс и приреди вистинско утринско изненадување (фото)

Македонската поп пејачка и харфистка Сара Мејс денес полни 33 години.

По тој повод нејзиниот сопруг стана и побрза прв да ја изненади додека спијат децата и на интересен начин и подготви специјално утринско будење со цел да и го честита роденденот на неговата сакана.

Имено, Димитар утрово ја разбуди Сара со роденденски свеќички наместени на две тортички и и запеа „Happy Birthday“.

Таа откако ги отвори очите, ги крена рацете за убаво да се истегне, а пред неа веќе стоеше нејзиниот сакан и тивко пееше.

Потоа со насмевка до уши си замисли желба и сѐ уште нерасонета ги дувна свеќичките.

„Си знаеш што ти посакувам , другото можеш со свои зборови“ – и напиша Димитар во честитката.

На среќата и немаше крај, а  честитките почнаа да пристигнуваат на нејзината адреса.

Среќен роденден!

фото:Инстаграм принтскрин

To top