Навршуваат три месеци откако животот на младата пејачка Антониа Гиговска и нејзиниот сопруг, музичарот Роберт Спасенцовски комплетно се промени.
Фокусот на нивното секојдневие сега е малиот Киан чии бебешки потреби се на прво место за мама и тато.
Мама Антониа неодамна за своите следбеници реши да одговара прашања на Инстаграм за сите моменти за кои се љубопитни.
Очекувано, најмногу прашалници беа за Киан и се’ околу него.
Иако Антониа се уште е решена да го сокрива лицето на бебето, а на прашањето на кого личи, таа откри дека не е на неа, како и за тоа дека е кротко бебенце:
-Многу е мил и питом, нон-стоп се смешка и гуга, сака многу да ручка и не личи на мајка му (се смее).
Иако по некое непишано правило машките деца личат на мајката, Киан повлекол на тато Роберт.
Со едно ќе се сложат сите, важно е да е здрав и жив, а каков ќе биде и на кого ќе личи, ќе видиме понатаму…
фото:Инстаграм/Фејсбук принтскрин