За дамите кои имаат јавна професија и се појавуваат пред камери и публика, нималку не е лесно постојано да се биде стилизиран од глава до петици.
Многумина сигурно ќе помислат дека ова е сосема спротивно, но ТВ водителките и пејачките тоа со сигурност ќе го потврдат дека е една секојдневна задача која бара инспирација, време и посветеност.
View this post on Instagram
За ТВ водителките Ирена Спировска и колешката и пејачка Адријана Алачки, оваа секојдневна активност е делумно олеснета бидејќи за нивниот стилски печат пред камери се грижат стилисти задолжени конкретно за тоа.
И токму кога би помислиле дека пропуст за изборот на стајлинзите не може да се случи, кај колешките на емисијата „Везилка“ видвме модна реприза.
Истиот модел на лелеава, волуменозна свилена беж толета со впечатлив масивен ѓердан како детаљ околу вратот, прва ја носеше Ирена на сцената на „Охрид фест“.
Случајно или намерно, или пак моделот од модната куќа која ги стилизира и се допадна и на Алачки, па решија и нејзе да ја дотераат во исто.
Овој пат идентичниот модел го носеше и Адријана неколку дена подоцна. Бидејќи временската разлика беше куса, овој момент не остана незабележан, а за тоа сведочат и објавите на Инстаграм.
Впечатливиот ултра модерен и екстравагантен модел не остана незабележан, а и на двете им прилега одлично.
Сигурно е дека Ирена и Адријана знаеја за ова, но допаѓањето во случајов им се поклоп, па по цена на тоа да биде и забележано дека носат исто.
фото:Instagram printskrin/Adrijana Alacki/Irena Spirovska