Јелена Карлеуша реши да направи мала пауза по објавувањето на два албуми и спектаклот кој го одржа во Белград на вода, па со своите наследнички Атина и Ника и тетка Даниела отпатува до нивната омилена дестинација Дубаи.
А како го поминуваат времето, пејачката редовно ги известува своите следбеници преку Инстаграм, па објави слики и видеа од ресторани, прошетки низ градот, но и додека уживаат во хотелска соба.
Нејзината наследничка Ника исто така сподели со следбениците како го поминува времето, а особено ја воодушеви рекламата со насликани крилја со која позираше.
– Моите крилја, мојот пат – гласи слоганот покрај кој девојката се сликала, а кој е наменет за светски познат бренд.
Ника потоа објави слика од терасата на хотелот, а откри дека ја сликала нејзината мајка Јелена.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ника Тошиќ/Карлеуша