Александра Младеновиќ се прослави со учеството на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, а со гласот веднаш се издвои од другите пејачки.
Александра најпрво се појави како русокоса со природна убавина, но набрзо почна да се менува и да прави корекција на лицето.
Судејќи според фотографиите, таа покрај веѓите направила и зголемување на усните со инјекции за да го доведе лицето до совршенство.
Таа подоцна ја пушти косата и се бојадиса во темно, а веќе некое време е прекрасна бринета.
Во еден момент нејзиниот изглед беше изложен на лоши коментари, а пејачката објасни дека некои од промените се предизвикани од здравствени проблеми.
Александра денеска изгледа подобро од било кога, а неодамна повторно беше предмет на коментари каде се шпекулираше дека таа е сопственичка на најдобриот природен задник на естрадата.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/А.Младеновиќ