Човек може на се’ да се навикне, добро или лошо останува во меморијата, но времето иако не може магично да ги избрише нештата, не учи да се адаптираме и живееме со промените.
На фолк пејачката Елена Велевка и се случи доста од тоа, а по бурниот развод со сега веќе екс- сопругот Марјан, најтешко и падна разделбата со децата.
Елена се пресели во нов стан во родниот град и во ниеден случај не ја запостави кариерата за која секогаш се дава во целост.
Песната е нејзиниот живот, која низ тоа добро и лошо ја води секаде и секогаш.
За нејзината приватност по разводост се шпекулираше доста, дека за брзо време си нашла нов партнер, но таа остро демантираше дека се работи за невистини. Она што милува најмногу да говори, да се покажува и докажува е единствено песната и нејзните три дечиња.
Сепак, она што деновиве ги изненади нејзините следбеници, беше „стори“ објавата од нејзниот Инстаграм профил каде Елена е невеста во венчаница.
Прашалниците со оглед на тоа дека е сама, оправдано се надоврзаа, но Елена остана резервирана и недоречена по објавата.
Познато е дека пред седум години ја издаде песната „Невеста“,кадрите се токму од тој спот, па дали ова беше само потсетување на тоа време или дали навистина и се мота нов брак низ главата, си знае самата.
Во секој случај, за убаво е, така што сеќавање или желба повторно да биде невеста, сеедно.
За потсетување,на почетокот на 2020 година, Елена Велевска откри дека и покрај сите обиди и напори да го спаси бракот, се разведува од сопругот Марјан. Потоа следеше и бракоразводната постапка по која нивните три деца останаа да живеат во Охрид во татко им, а Елена се врати во родниот Прилеп.
Оттогаш помина доста време, а Елена како што кажа остана силна и достојна на она што и го донесе животот, а најсилен поттик за се’ се најзините три деца, Софија, Марко и Калија.
фото: Инстаграм принтскрин/Елена Велевска