Џејла Рамовиќ освојува со гласот и стасот, плени со својата харизма. Таа го шармираше целиот регион по одличните настапи и победата во „Ѕвездите на Гранд“, а не и одолеаа ниту во Венеција, каде неодамна прошета како дел од познатата „Мостра“.
Иако стекна огромна популарност, младата пејачка од Горажде реши на кратко да ја стави кариерата на втор план за да се посвети на студиите по економија. Таа се пресели во Барселона во 2021 година поради универзитетот.
‒ Таму го најдов својот мир и добив нова волја и мотив за работа, воопшто, на сите полиња. Сметав дека таков чекор ми е неопходен и бев во право – изјавила убавата Џејла, која најчесто настапува за викенди, а учи во работните денови.
Сепак, се чини дека сепак се откажала од понатамошното образование. Според блиски извори, причината е што не може да постигне се’ и сака целосно да се фокусира на музиката, нејзината најголема љубов.
фото:Инстаграм принтскрин/Џејла Рамовиќ