Љубов и Секс

Како да препознаете дали партнерот се уште пати по бившата?

Како да препознаете дали партнерот се уште пати по бившата?

Ако вашиот маж сè уште ја сака својата поранешна девојка, тоа може да создаде чувство на недоверба и да ја загрози иднината на вашата емотивна врска.

За жал, не постои начин да се утврди ова без да се води тежок разговор, но како да знаете кога е време да ја отворите темата? „Webmd“ пренесува три знаци на кои треба да обрнете внимание.

1. Често ја спомнува или воопшто не ја спомнува

Сите ја споредуваме нашата сегашна романса со оние што ги имавме во минатото, и тоа генерално не е причина за тревога. Но, ако тоа се случува на дневна основа, тогаш постои причина за загриженост.

Ако вашиот партнер го истура секој детаљ за бившиот, веројатно „не продолжил понатаму“.

Но, ниту тишината не е секогаш добар знак, бидејќи чувството на вина често прави човекот да не сака да се сеќава. Ако забележите дека вашиот партнер се повлекува при спомнувањето на нејзиното име, тоа е знак дека нешто не е во ред.

2. Онлајн „следење“ и чување спомени

Која и да е социјалната мрежа, следењето на профилот на поранешната девојка никогаш не ветува добро.

Гледање на споделени спомени, на пр. во форма на фотографии, е дел од процесот на лекување. Но, кога чувствата ќе исчезнат, време е да ги избришете потсетниците.

Ако вашиот партнер сè уште често го носи својот „омилен дуксер“ или чува албум со стари фотографии, време е да разговарате.

3. Промена во интимната рутина и играњето игри

Пазете се од партнерот кој ја „пали и гаси“ неговата наклонетост, ова е знак на внатрешен немир; може да биде ладен кога ќе му недостига бившиот, а страста повторно се крева кога ќе има грижа на совест за тоа.

Тоа однесување може да се одрази и во спалната соба; ако понекогаш сте му привлечни, понекогаш одбивни – тоа не е добар знак.

Еден од главните симптоми е репликата: „Те сакам, но не сум заљубен во тебе“.

Враќањето во минатото создава бариера за напредок.

извор:попара.мк

To top