Ќерката на познатиот пејач Ацо Пејовиќ, Ива Пејовиќ, наполни осумнаесет години, а пејачот ја искористи таа прилика да приреди голема прослава во еден познат белградски хотел.
Убавата Ива се појавила во друштво на својата сестра која не ја напуштала во текот на целата вечер. Тие две пристигнале во хотелот меѓу првите кои ги пречекале останатите гости.
Семејството Пејовиќ отсега има уште еден полнолетен член, а пејачот често не може да ја сокрие среќата што покрај блескавата кариера успеал да изгради и стабилно семејство.
Тој често во медиумите вели дека неговата сопруга е столбот на семејството и дека таа е одговорна што нивните ќерки денес се вистински лавици и пред се добри луѓе. Поради ова дури и посветил песна. Најстарата Магдалена заврши на ФОН; средната Марија лани дипломирала медицина со највисоки оценки, а нема дилема дека и најмладата Ива ќе оди на факултет.
‒ Сите три секој ден ме прават горд татко. Јас и Билјана сме му благодарни на Бога за луѓето во кои пораснаа нашите ќерки. Морам да признаам дека завршивме одлична работа како родители – вели Ацо Пејовиќ, кој речиси три децении е во хармоничен брак.
Фото: Принтскрин/Ата имаџес/Антонио Ахел